Антиќ: Во Бугарија почна изградба на гасоводот Турски тек кон Србија

Српскиот министерот за рударство и енергетика, Александар Антиќ, денеска во Бугарија, заедно со премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, и министерот за енергетика, Теменушко Петков ги посети работите на почетокот на изградбата на гасоводот кон Србија и српско-бугарската граница на територијата на општините Искар, Кнежа и Орјахово.

Како што соопшти дописникот на МИА од Белград, министерот Антиќ изјави дека „ова е исклучително важен ден за проектот на изградбата на „Турски тек”, кој треба да обезбеди поврзување на тој гасовод преку Бугарија со Србија.

Тој рече дека Бугарите имале два важни чекори-еден е завршување на делницата од границата со Турција до нивната голема компресорска станица во Странџа, делница долга 11 км и денес официјално го означуваат почетокот на изградбата на делницата кон Србија.

Прочитајте и...  Николовски: Првичните резултати покажуваат големо водство на СДСМ и коалицијата „Можеме“ (ВИДЕО)

– Можеме да кажеме со апсолутна сигурност дека бугарската страна ќе го заврши проектот неопходен за снабдување на Србија со гас и дека Србија ќе може да очекува испорака на гас од оваа насока во текот на 2020 година. Србија многу интензивно ја гради својата делница и ќе го заврши линискиот дел од гасоводот до крајот на оваа година. Очекуваме дека бугарската страна ќе ја заврши својата работа во првата половина на 2020 година, иако имаат мало задоцнување, но за нас е важно што тие брзо и интензивно ќе ја работат делницата до Србија, што е клучно за нас – рече министерот за рударство и енергија, Александар Антиќ.

Тој изјави дека од круцијално значење за Србија, Бугарија и Унгарија е продолжување на проектот „Турски тек”, како и дека гасоводот преку Србија од Бугарија до унгарската граница претставува огромен потенцијал што ќе ја направи Србија транзитна земја.

Прочитајте и...  Бугарското Собрание во понеделник ќе расправа за интерпелација на владата на Борисов

– Нема дилема дека сите држави што се наоѓаат на идната рута на гасоводот ги спроведуват активностите според планираното. Ова ќе ни овозможи сериозно да ги планираме идните енергетски проект – рече српскиот министер за рударство и енергија.

Тој потсети дека во јуни има потпишано договор со унгарскиот министер Питер Сјарт, што ќе резултира во спојување на двата магистрални гасоводи и дека е дефиниран цел пакет активности што ќе овозможат таа интерконекција да се изгради и пушти во употреба.

Бугарија, Србија и Унгарија интензивно работат на изградбата на гасоводот, испраќајќи јасна порака од Бугарија-продолжувањето на „Турскиот тек” е неопходно за енергетската безбедност на регионот, рече Антиќ.

На настанот присуствуваа државниот секретар на Министерството за надворешни работи и трговија на Унгарија, Тамаш Менцер, претставници на „Булгартрансгас” и турскиот „Боташ”, и извршниот директор на „Србијагас”, Душан Бајатовиќ.

Прочитајте и...  Чии „анонимуси“ ја хакираа страницата на ДИК? Полицијата ќе отвори истрага

Прочитај повеќе

Нови 94 случаи со Ковид-19 во последните 24 часа, починаа осум лица

Слободен печат

Фејсбук соочен со одлуката на Европскиот суд за правда, ќе ги разгледува последиците

Слободен печат

„Сименс“ најави: Околу 140 илјади работници ќе работат од дома

Слободен печат

Спасовски: ДИК е должна да излезе на пресконференција и да ги соопшти конечните резултати

Слободен печат

Апасиев: Левица е оштетена за околу 10 илјади гласа, украдени ни се тројца пратеници

Слободен печат

Борисов: Владата мора да опстане поради борбата против Ковид-19

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Хоџа: Го удвоивме бројот на мандати, во Собрание ќе имаме четири пратеници

Слободен печат

Технолошки гигант планира да инвестира 10 милијарди долари во Индија

Слободен печат

Грк со секира масакрирал три лица во даночна служба во Козани

МИА Агенција

Поради голем пожар во близина на Атина, евакуирани населби и детски камп

МИА Агенција

ВО ЖИВО: Пресконференција на претседателот на Владата Оливер Спасовски

Слободен печат

Во Гостивар се запали возило со изборен материјал

Слободен печат