Анри: Меси не е одговорот на проблемот кој го има ПСЖ

Според француската легенда Анри одбраната на ПСЖ мора да биде посилна/Фото: EPA-EFE/RODRIGO JIMENEZ

ПСЖ официјално го потврди трансферот на Лионел Меси минатата недела и се очекува францускиот гигант да биде во сериозна трка сезонава за титулата во Лигата на шампионите.

Договорот на Аргентинецот со Барселона истече летово и тој имаше намера да остане во каталонскиот клуб и да ја продолжи соработката, но тоа не се случи на крајот.

Поради финансиски проблеми, Барса не успеа да му понуди нов договор на Меси, а Аргентинецот одлучи да го промени клубот.

Меси целата своја кариера досега ја помина на „Камп Ноу, со која освои сè што можеше, и се одлучи за нов предизвик. Тој ја прифати понудата на париските „светци“ со кои потпиша двегодишен договор и сигурно ќе биде големо засилување.

Сега кога успеаја да го донесат еден од најдобрите играчи на сите времиња, многумина веруваат дека ПСЖ конечно ќе успее да ја освои ЛШ.

За тоа зборуваше и легендарниот Тјери Анри, кој не е толку сигурен дека ПСЖ толку лесно ќе биде шампион на Европа. Тој смета дека Парижаните и натаму не го решиле својот проблем, а тоа е одбраната.

Понуда од 120 милиони евра за Мбапе, дали ПСЖ ќе ја прифати?

– Меси не е одговорот на проблемот кој го има ПСЖ. Играв со него во одличен тим, но луѓето забораваат дека тогаш не примивме многу голови. Тимовите кои не примија многу голови не се далеку од титула, па дури и од освојување Лигата на шампионите.

Кога имате „вонземјанин“ во екипата, секако ви е полесно, но ПСЖ и натаму го има тој проблем во одбраната. Тие примаат многу голови и мора да го поправат тој сегмент. Донесоа неколку засилувања, но мора да најдат баланс и бидат многу посилни во одбраната – вели Анри.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот