Понуда од 120 милиони евра за Мбапе, дали ПСЖ ќе ја прифати?

Прашање е дали Мбапе ова лето или во 2022 година ќе се пресели во Реал/Фото: EPA-EFE/ALBERTO ESTEVEZ

Францускиот репрезентативец би можел до крајот на летниот преоден рок да биде нов член на Реал Мадрид.

Но, после доаѓањето на Лионел Меси во Париз кого веќе го поздрави Килијан Мбапе, можно е да почека евентуалниот трансфер во „кралскиот“ клуб за една година, поточно до 30 јуни 2022 година кога на Французинот му истекува договорот со ПСЖ.

Засега нема никакви најави за продолжување на соработката со париските „светци“, но Реал и натаму ќе притиска да го ангажира еден од најдобрите европски напаѓачи.

Според францускиот медиум „Ле Паризиен“, Реал нуди 120 милиони евра за услугите на Мбапе кој според „Трансфермаркт“ моментно вреди 160 милиони.

За Мбапе денеска зборуваше и тренерот на мадридскиот гигант, Карло Анчелоти:

– Мбапе како опција? Секојдневно разговарам со претседателот на клубот (Флорентино Перез). Имаме бројни теми, но не можам да ви откривам детали – рече Анчелоти.

Од 2017 година ги брани боите на ПСЖ, за тимот од „Паркот на принцовите“ одигра 172 натпревари и реализираше досега 132 голови.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот