ФОТО+ВИДЕО: Меси го имаше првиот тренинг со ПСЖ

Меси е новиот „дијамант“ во Париз/Фото: EPA-EFE/CHRISTOPHE PETIT TESSON

Аргентинецот денеска во фудбалска смисла во Париз го започна својот „нов“ живот…Нејмар, Ди Марија и други sвезди на ПСЖ го дочекаа најголемиот меѓу нив, Лионел Меси, на денешниот тренинг.

Аргентинецот брзо се навикна на средина и од фактот што е пријател со Ди Марија и Нејмар, а има и други сонародници како Икарди и тренерот Покетино.

Меси во нов дух го имаше своето прво загревање, спринт растојанија, а потоа дојде најдобриот дел – работата со топка.

Само да потсетиме, Меси слета во Париз претходниот ден во холивудски стил, ги имаше медицинските прегледи, одржа прес -конференција и се поздрави со големиот број на фанови. Воедно од ПСЖ најавуваат дека на Меси дел од платата ќе го даваат во криптовалути.

Според досега познатите информации, Аргентинецот ќе заработува околу 35.000.000 евра по сезона во новиот клуб.

Килијан Мбапе преку социјалните мрежи демантираше дека не сака да игра со Меси и објави неколку фотографии во кои се гледа како му посакува добредојде на Меси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylian Mbappé (@k.mbappe)

ПСЖ за седум минути продаде 150.000 дресови со името на Меси

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот