Анкета на Стратум Р&Д: Предност на коалицијата СДСМ и БЕСА, 70% од граѓаните се против избор на премиер на национална основа

Фото: Слободен печат/Драган Митровски

Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципира од граѓаните како победничка коалиција и има стабилна предност (31%) во однос на ВМРО-ДПМНЕ (27%) пред вонредните парламентарни избори на 15 јули, се вели во извештајот на Стратум Р&Д

Стратум Р&Д спровела сопствена телефонска анката на репрезентативен примерок од 900 испитаника (150 испитаника по Изборна единица) во периодот на првата недела од јули односно од 1ви до 6ти јули 2020. Испитаниците биле бирани на фиксни телефони во домовите со удел од 60%, а 40% согласно запазување на квотите за репрезентативност на примерокот беа бирани на мобилни телефони.

Овие избори ќе се одржат во најкомплицирана состојба од аспект на психосоцијална и економска состојба на бирачите. Таа комплицирана состојба се рефлектира и во расположенијата на граѓаните кон сите теми

Значајна разлика се јавува во перцепција на победничка партија каде СДСМ од 5% ипитаници повеќе е перципирана како партија која ќе формира Влада по изборите.

Во однос на платформата на ДУИ за Премиер избран врз национална основа, значајно висок процент на испитаници, над 70, сметаат дека РС Македонија не треба да вопостави критериум за избор на Премиер врз национална основа.

Во моментов, најголем број од испитаниците изјавиле дека ќе гласаат за коалицијата СДСМ БЕСА, 2% помалку од нив изјавиле дека ќе гласаат за Коалицијата на ВМРО ДПМНЕ. Иста разлика од 2% има помеѓу албанските партии ДУИ и Алијанса на Албанците.

Перцепцијата на победничка партија влијае на изборниот резултат а од податоците се гледа дека Коалицијата СДСМ и БЕСА се перципираат како победничка коалиција и оваа разлика е статистички значајна споредено со определбите во моментов каде разликата е во ранг на грешката поврзана со големина на примерокот

Се забележува поларизираност на граѓаните па така 44% сметаат дека мерките треба да се олабават затоа што економијата е најважна а 41% дека треба да се воведат построги мерки затоа што здравјето е најважно. се вели во извештајот од спроведената анкета на Стратум Р&Д.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот