Англиските нисколигаши ќе добијат 50 милиони фунти за да не банкротираат

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) денеска одлучи да издвои 50 милиони фунти како помош на клубовите кои се борат со последиците од суспензијата на лигите поради пандемијата на коронавирусот.

Помошта е наменета за екипите од Чемпионшип дивизијата, Лига 1 и Лига 2.
Фудбалот во Англија е запрен минатата недела како дел од борбата против ширењето на коронавирусот.

За денеска е закажан состанок на екипите од Премиер лигата со Фудбалската федерација на Англија и со ЕФЛ, на кој се очекува да се донесе одлука за сезоната да се доигра до крај кога ќе бидат овозможени условите.

Поради пандемијата на коронавирусот, Премиер лигата но и сите натпревари од ниските лиги се суспендирани до 4. април, но се претпоставува дека паузата ќе трае малку подолго.

Сите 20 екипи од Премиер лигата ја поддржаа одлуката првенството да запре, а денеска треба да се договорат на кој начин и кога тоа ќе продолжи.

Според англиските медиуми нема да биде донесена конечна одлука, туку клубовите само ќе разменуваат идеи и ќе го бараат најдоброто решение за сите. Челниците на Премиер лигата сакаат првенството да се одигра до крај, да се реши прашањето на шампионот но и прашањето кои екипи ќе играат во европските купови наредната година, а кои ќе испаднат од лигата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот