Англиски полицаец фотографирал голо тело на мртва жена, сликата ја споделил на „Ватсап“

Британска полиција/ Фото EPA-EFE/VICKIE FLORES

Полицаец од Англија кој фотографирал делумно голо тело на мртва жена е прогласен за виновен за недолично однесување.

Даниел Волворк, од полициската станица во Сомерсет, во април 2020 година на местото на злосторството го фотографирал телото на жртвата и сликата ја испратил во групата на апликацијата „Ватсап“ каде биле и неговите колеги.

Осуден за недолично однесување

Полицијата денеска одржа внатрешно рочиште и го прогласи за виновен за недолично однесување, пишува Би-Би-Си.

„Полицаецот Волворк покажа недостаток на достоинство и почит кон жртвата. Таквата постапка ги вознемири сите оние кои ја сакаа“, изјави полицајката Сара Кру.

Засега не се знае какви санкции го чекаат полицаецот, бидејќи одлуката е одложена за следното рочиште.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот