Англиската јавност не се согласува со Карагер: Видиќ е подобар стопер од Ван Дајк

Фото: EPA/MATTEO BAZZI

Изјавата на Џејми Карагер во која ги спореди Вирџил Ван Дајк и Немања Видиќ предизвика многу реакции во англиската јавност, па беше направена и голема анкета.

Ван Дајк веројатно е најдобриот стопер на Ливерпул во последните десет години, но во последните две сезони не е на нивото од кога неговиот тим ја освои Премиер лигата и претходно Лигата на шампионите.

„Рио и Тери имаа исто така лоши сезони во кариерата, како и сите други играчи. Ван Дајк сега игра една таква сезона. Сепак, ниту еден стопер во Премиер лигата нема такво влијание на играта на својот тим како што има Ван Дајк. Ван Дајк е многу подобар стопер од Видиќ кој беше фантастичен, но ги заборавивте ли неговите дуели со Торес“, гласеше изјавата на Карагер.

„Дејли Мејл“ се одлучи и да направи анкета, а според гласовите најголем дел од јавноста не се согласува со мислењето на поранешниот дефанзиец на Ливерпул.

За Ван Дајк гласале 34% од испитаниците, додека Видиќ освои 64% од гласовите.

Фото: Screenshot

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот