Ангеловски: Одиме на Европско да ја грабнеме секоја шанса за позитивен резултат!

Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Селекторот Игор Ангеловски го објави списокот на фудбалери кои ќе ја претставуваат Македонија на Европското првенство 2020.

Во составот на македонската репрезентација се 26 фудбалери. Младите Милан Ристовски и Дарко Чурлинов се најдоа на списокот, а како трет голман е повикан Ристе Јанков.

– Ристовски, Чурлинов и Јанков се нашата иднина, затоа се на нашиот список. Со својот квалитет јас сметам дека можат да придонесат во А тимот и да соберат искуство, бидејќи очекувам во наредните години да бидат стандардни првотимци. Жалам за отсуството на Илија Несторовски, со нас е пет години и вредно работеше со сите нас да се пласираме на Европско првенство. Сепак, верувам во останатите играчи и дека без проблем ќе го дополнат неговото отсуство. УЕФА дозволи и три резерви во случај на ковид-проблеми, но се надевам дека тоа ќе нè одмине – вели Ангеловски.

Собирот на репрезентативци е на 25 мај, закажани се два тест натпревари, со Словенија (1 јуни) и Казахстан (4 јуни).

Фудбалерите пред ЕП ќе имаат контролни мечеви со Казахстан и Словенија

– Навивачите се навикнаа на успеси, сега бараат да бидеме европски шампиони. Овие фудбалери многу пати досега ја направија нацијата горда и со самиот пласман на Европскиот шампионат. Со нивните настапи за тимот и можам да ветам на нацијата дека ќе направат сè во своја моќ пак да ги направат фановите горди.

Одиме со желба за надигрување и ќе ја грабнеме секоја шанса за позитивен резултат и пласман во втората фаза. Јас прв верував во играчите и очекувам максимум од нив на секој натпревар. Првиот собир е на 25 мај, со тренинзи стартуваме ден подоцна, а според УЕФА регулативите, закажавме и уште еден тест против Казахстан на 4. јуни. Ги анализираме и противниците, со Австрија игравме и иако двапати нè совладаа, ќе се обидеме да научиме од тие грешки, Украина исто така е многу квалитетна селекција, знаеме дека Шахтјор Доњецк двапати го победи Реал Мадрид, а таму има многу украински репрезентативци. На крајот одиме во Амстердам во Холандија со надеж дека повторно би можеле да се вратиме во Романија, доколку ја минеме првата фаза – додаде македонскиот селектор.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот