Ангеловска: Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со Домашната платежна картичка

Се проширува листата на продавници во кои може да се плаќа со Домашната платежна картичка. Новите дејности што беа додадени се: продавниците за текстил, обувки, предмети од кожа, спортска опрема, продавници за книги и продавници за мебел, осветлување, производи за домаќинства, објави министерката за финансии Нина Ангеловска на својот Фејсбук профил.

Како што наведува дека Уредбата за домашната платежна картичка вчера беше дополнета и сега граѓаните со домашната платежна картичка може да купуваат домашни производи и услуги во: хотели, одмаралишта, кампови и други објекти за сместување, туристички агенции и оператори, ресторани, достава и подготовка на храна и пијалоци, супермаркети, продавници за храна, пиљари, пекари, мебел, осветлување, производи за домаќинства, книжарници и продавници за книги, спортска опрема,  продавници за облека, обувки, предмети од кожа, аптеки и фризерски салони и салони за убавина и други услужни дејности.

-Бирајте ги производите со “Купувам домашно” кое ќе биде назначено на гондолата, рафтот, производот, лифлетот во продавниците…бидејќи кога купувате МАКЕДОНСКИ производи и услуги, придонесувате за зачувување на работните места на сите наши сограѓани кои работат во производство или услужна дејност, наведува министерката.

Прометот од македонски производи е дефиниран во правилникот за фискалните сметки https://www.facebook.com/nina.angelovskaa/posts/291701392207063 .

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот