Ангеловска: Ги разјаснивме сите дилеми со угостителите и туристичките работници околу измените на Уредбата за финансиска поддршка

– Компаниите кои редовно ги сервисирале своите обврски кон банките и не фигурираат на листата на должници на УЈП во изминатите две години ќе имаат право да ги користат мерките за надомест на плата но и и 50% субвенционирање на придонесите, вели министерката за финансии.

Угостителите и бизнисмените од туристичкиот сектор остварија средба со министерката за финансии Нина Ангеловска на која како што истакнаа биле разрешени сите дилеми околу објавувањето на Уредбата за помош на погодените претпријатија од кризата предизвикана од пандемијата со корона вирусот.

Една од претставените уредби на вчерашната прес конференција се однесуваше и на компаниите од областа на угостителството, транспортот и туризмот, кои две години по ред (2018-2019) немале загуба, не се на листата должници на УЈП и не доцнеле со плаќање на обврските по однос на кредити подолго од 90 дена од денот на достасаноста на обврската.

Тие имаат право истовремено да ги користат мерките за надомест на плата во висина од 14.500 денари по вработен и 50% субвенционирање на придонесите, во висина до просечна плата објавена за 2019 година.

„Тоа значи дека вкупната финансиска помош за овие сектори ќе изнесува до 19.500 денари“, рече на денешната прес конференција министерката за финансии, Нина Ангеловска.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот