Ангелов им додели благодарници на пилотите од регионот кои помагаат во справување со пожарите
На храбрите пилоти од Романија, Словенија, Хрватска, Србија и Црна Гора кои ни помагаат во справување со огнената стихија, во знак на почит и благодарност за она што го прават за нашата земја, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов им додели благодарници со пригоден подарок карактеристичен за Македонија, соопштија од ЦУК.
Препорачано
На територија на државата, според утринските информации на Центарот за управување со кризи, активни се 12 пожари.
Во изминатото деноноќие биле евидентирани вкупно 35 пожари на отворено од кои 23 се изгаснати.

Како што информира ЦУК, се уште активни се пожарите меѓу селата Драгоево и Селце и селата Пухче и Пиперово во општина Штип, пожарот кај армискиот полигон Криволак во правец на штипското рамниште, а од неготинска страна е ставен под контрола, како и пожарот кај селото Бадилен во општина Ново Село.
ЦУК: Активни 12 пожари, најкритичните се гаснат и од земја и од воздух
Активни пожари има и меѓу селата Габровник и Мокрени и меѓу Јаболчишта и Дреново во општина Чашка, меѓу селата Сирково и Мрзен Ораовец во Росоман, кај селото Фалиш во општина Кавадарци, селото Небрегово во општина Долнени, кај Пашин мост во општина Велес, меѓу селата Подлец и Чичево во општна Градско, како и кај градската депонија во Делчево.
Најкритичните пожари се гасат и од земја и од воздух.


