Ангелов е новиот напаѓач на ФК Академија Пандев

Виктор Ангелов останува верен на „пандевци“/Фото: facebook/ФК Академија Пандев

Виктор Ангелов потпиша за Академија Пандев, 27-годишниот играч е нов член на прволигашот и ќе биде големо засилување во нападот.

Доаѓа од екипата на Волунтари од Романија, а во својата кариера има настапувано за голем број екипи меѓу кои Ујпешт, Широки Бријег, Шкупи, Работнички, Тетекс, Металург.

Сезонава во најсилната романска лига запиша само шест настапи за екипата на Волунтари.

Претходно како нови „пандевци“ зимава се промовираа уште Бакс Абделаоуи и Андрија Секулиќ. Бакр игра на позицијата лево крило и има 24 години. Ја има поминато младинската школа на Хетафе, а во својата сениорска кариера има настапувано за вторите тимови на Легањес и Алкоркон, а доаѓа од тимот на Љунгскиле од Шведска. Секулиќ има 19 години и игра на позицијата централен дефанзивец. Последен клуб за кој настапувал е тимот на Слога Краљево.

Како што е веќе познато, најдобриот стрелец на ФК Академија Пандев, најефикасниот во Првата македонска лига по есенскиот дел, Мартин Мирчевски направи трансфер во редовите на ТСЦ Бачка Топола од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот