Армиско возило БТР - 80 се пренаменува во противпожарно возило / ФОТО: Фејсбук

Ангелов досега е презадоволен од специјалните противпожарни возила

Откако Дирекцијата за заштита и спасување пред неколку дена направи промоција на преправените стари воени возила во противпожарни возила, јавноста се прашува дали тие се ставени во употреба за гасење на актуелните пожари. Директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов појаснува дека тие се на тест во реални услови, а тој досега е задоволен од нив.

„Во текот на вчерашниот и денешниот ден, во гаснењето на пожарот во скопско, учествуваат еден „хермелин“ со цистерна од 6 тона и еден „пинцгауер“ од 1,5 тона на ДЗС. Бидејки се оперира низ населени места со стрмни и тесни улици со остри кривини сметам дека не е безбедна употребата на БТР 80. Две од овие возила подготвивме за транспорт во фабриката Самоков бидејки со 6 тонски резервоар за вода и моќна пумпа со до ет до 100 метри можат значително да помогнат во одбрана на фабриката доколку за тоа се појави потреба. Но, бидејки пожарот беше ставен под контрола на потегот кон фабриката,одлучив истите да не се транспортираат таму“, вели Ангелов.

Тој појаснува дека возилата се уредно тестирани од соодветни стручни лица и институции, поминаа технички преглед и се регистрирани на име на ДЗС.

„Сепак, како непосредно одговорен за овие специјални возила, дадов наредба да бидат тестирани и во реални услови.Затоа, учеството од овие и следните неколку денови ги сметам за тест возења, за тестирање на реалните можности на возилата, пумпите и посадите. Откако ќе се увериме дека специјалните возила се доволно ефикасни и безбедни за употреба, во зависност од потребите на терен, нивниот број постепено ќе се зголемува“, уверува Ангелов и додава дека „од дводневната употреба, слободно можам да кажам дека сум презадоволен од нивната ефикасност“.

ФОТО | Армиските „Хермелини“ и оклопните возила „БТР“ стануваат противпожарни

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот