Ангели на пистата на Луј Витон, светот се прости со Вирџил Абло преку неговата постхумна колекција

наоми луиј витон
Фото: Принтскрин / Instagram

Во четвртокот Луј Витон ги покажа своите последни дизајни на покојниот Вирџил Аблох, кој почина во ноември на 41-годишна возраст.

Изведена во Париз на сетот „Louis Dreamhouse“, ревијата сама по себе беше акт и дело кое ја надминуваше идејата за модна ревија и преминуваше во алтер свет на флуидни движења, лебдења, надреалност и посебно патешествие.

Пространиот сет имаше расфрлани делови од куќа наоколу, со скали одвоени од трпезариска маса, покрив, оџак, и часовник кој е запрен на осум – поздрав на осмата и последна колекција на Абло за француската модна куќа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louis Vuitton (@louisvuitton)

Недалеку од дел куќата има долга маса за ручавање на која седат членови на оркестар, загледани во мени од ноти додека го изведуваат музичкото дело создадено од Тајлер.

Дрвен стол кој ја менува својата тридимезнионална форма и кревет кој се врти во импровизираната соба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louis Vuitton (@louisvuitton)

Модели кои не чекорат право – туку недефинирано се тетерават на среде својот обичен од, и низ целосната флуидност на нивните тела ја воведуваат меланхоличната игривост на последните парчиња облека издизајнирани од прерано починатиот Вирџил Абло.

Последно зачекореа ангелски модели чии нетипични крила ја кулминираа емотивноста на претставената ревија. По нивното изодување се појавија сите модели дефилирајќи во избезумено расплинети позиции и заносни застанувања.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louis Vuitton (@louisvuitton)

Наоми Кембел, која беше блиска пријателка на Аблох, исто така се најде на модната писта во долг бел мантил и соодветен костум, придружувајќи се на моделите ангели во бела редица фантазија.

Кембел објави видео клип од нејзината прошетка на пистата на Инстаграм, посветувајќи го својот од на „ангелите“ Абло и Андре Леон Тали, долгогодишниот уредник на Вог кој почина претходно оваа недела.

„Беше чест и привилегија да се биде дел од ова прекрасно шоу; оддавајќи му почит на Вергилиј. Ова е само почеток на она што треба да се расплетува на вашата визија и наследство“, напиша Кембел.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Naomi Campbell (@naomi)

Меѓу другите познати личности присутни беа Венус Вилијамс, Дејв Шапел, Виктор Круз, Еван Мок, Лука Сабат и Џеј Балвин.

Ненадејната смрт на Аблох минатата година настапи по двегодишната тајна пред јавноста битка со ракот, но обожавателите сè уште можат да ги добијат неговите модни креации.

На почетокот на оваа недела, Луј Витон и Најк објавија пуштање во ограничено издание на патиките „Air Force 1“ на покојниот дизајнер, кои ќе бидат на аукција на Сотби, а подоцна ќе бидат пуштени во продавниците на Витон.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Louis Vuitton (@louisvuitton)

Видео на денот