Анѓела Јакимовска: Телото го доживувам како храм во којшто не сакам да внесувам отпад

Кога телото е хидрирано однатре и кожата е мека и хидрирана, вели манекенката Анѓела Јакимовска.

Убавината доаѓа однатре, па затоа неправилниот начин на исхрана како и недостатокот на вода во организмот можат да предизвикаат дерматолошки проблеми. Манекенката со голем број титули за убавина, Анѓела Јакимовска, открива дека една од нејзините примарни навики за нега на лицето е редовно консумирање вода од два до три литри дневно.

– Кога телото е хидрирано однатре и кожата е мека и хидрирана. Приватно избегнувам да нанесувам многу шминка, која предвремено ја старее кожата, но поради работата што ја работам моето лице е принудено да издржи многу слоеви на течни пудри, подлоги, коректори, камени пудри. Па затоа, еднаш неделно нанесувам маска за лице со минерали од Мртво Море, а редовно го користам и кокосовото масло. Бидејќи кожата е најактивна за време на спиењето, откако ќе ја отстранам шминката навечер нанесувам ноќна крема, која се бори против стареењето на кожата, а и ја регенерира и ја обновува.

instagram

Љубовта кон себеси, вели, е примарен фактор за добар изглед. Доколку добро се чувствувате и добро ќе изгледате. Анѓела телото го доживува како храм во којшто не сака да внесува отпад.

– Не сум пушач, не пијам алхохол и се хранам здраво, но исто така сум благодарна и на природата и на генетиката. Физичката активност е превенција од многу болести, па затоа јас сум физички активна првично за да бидам здрава, а понатаму и за да се вклопам во критериумите на модниот свет. Клучот за здрава телесна тежина е во тоа да внесувате онолку енергија во телото колку што можете да потрошите, а на сето ова ќе го надоврзам и квалитетниот сон.

Здравата исхрана резултира со виталност, енергичност, како и зголемено ниво на самодоверба. Не постои строг режим на којшто му робува, едноставно не консумира леб, бели пецива, слатки, тестенини, шеќер, компири и ориз.

– Како што напоменав, јас не пијам алхохол, газирани сокови, како и сокови полни со шеќери. Мојот омилен пијалак е вода, турско кафе или пак зелен чај. Храната ја сакам свежа, варена или печена, пржената храна гледам да не биде на моето мени. Можеби затоа што одреден период живеев во градот Сплит, кој излегува на море, некако се навикнав на морската храна, па затоа преферирам риба во мојата исхрана. Јадам што повеќе зеленчук во комбинација со зелени салати, а редовно консумирам и житарки како просо, овес и киноа. Овошје консумирам до 14 часот, а исто така избегнувам банани.

За одржување во топ форма посетува часови по аеробик. Не е љубител на сали за вежбање, вози ролери, понекогаш се искачува на планини и обожува да плива. Сакам кога е едно со природата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот