Андреј Тодороски/TSC Backa Topola

Aндреј Тодороски ќе биде ново име во репрезентацијата, се чека само неговиот пасош

Селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, на денешната прес-конференција потврди дека Андреј Тодороски во иднина ќе биде сериозна опција за националниот тим, откако ќе ги заврши административните процедури околу добивањето македонски пасош.

Седлоски истакна дека фудбалерот на Бачка Топола кој има 27 години е внимателно следен од стручниот штаб и дека неговото приклучување во репрезентацијата е само прашање на време.

„За Тодороски се чека да добие македонски пасош и секако дека е добредојден. Го следам и што побрзо добие пасош, толку подобро за нас“, порача Седлоски.

Тодороски игра во одлична форма во дресот на Бачка Топола, а на пет натпревари сезонава веќе постигна шест голови и запиша една асистенција во српската Суперлига, со што го привлече вниманието на македонската јавност и селекторот.

Инаку, станува збор за фудбалер кој е роден во Прилеп, меѓутоа со семејството подоцна живеел во Австрија

Седлоски: Натпреварите со БиХ и Турција ќе бидат можност за докажување на новите фудбалери

Седлоски во името на целиот тим на Вардар јавно се извини за вулгарната песна на прославата

Седлоски со петмина дебитанти во составот за натпреварите со Босна и Турција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот