Седлоски во името на целиот тим на Вардар јавно се извини за вулгарната песна на прославата

На денешната прес-конференција на која беше објавен списокот на фудбалери за дуелите со Босна и Турција, селекторот Гоце Седлоски кој е и тренер на Вардар јавно се извини за прославата на неговиот тим која предизвика бурни реакции во јавноста.

Ќе потсетиме, по освоената титула и натпреварот со Струга на социјалните мрежи беше објавено видео на кое тимот на Вардар пее вулгарна песна за Битола и Каролина Гочева, а сега Седлоски испрати јавно извинување во негово и името на целиот тим.

„Во мое лично име и во сите играчи на Вардар сакам да се извинам за потегот кој се направи на прославата со екипата во Струга“, истакна Седлоски на почетокот од конференцијата.

Поради контроверзната прослава, Дисциплинската комисија на ФФМ отвори и постапка против Вардар, а во наредниот период се очекува да биде соопштена и санкцијата.

ФФМ отвори постапка против Вардар за вулгарната песна на прославата на титулата

ВИДЕО | Фудбалерите на Вардар пеат вулгарна песна за Битола, покажаа како не треба да се слави титула

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот