Гоце Седлоски - Фото: Слободен печат/Драган Митрески

Седлоски: Натпреварите со БиХ и Турција ќе бидат можност за докажување на новите фудбалери

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски денеска го објави списокот на фудбалери за натпреварите со Турција и БиХ на кој се најдоа и петмина дебитанти.

Како што вели Седлоски, овие дуели ќе ги искористи да тестира одредени фудбалери пред официјалните дуели кои следат во наредниот период.

„Што се однесува до двата натпревари кои ги играме со БиХ и со Турција, повикав 27 играчи. Некои откажаа поради повредите, крај на сезона е, повикав и неколку играчи од македонско првенство. Сакав да проверам и некои нови играчи бидејќи наскоро ќе дојдат и официјалните натпревари“, вели селекторот Гоце Седлоски.

Најави и дека ќе има промени во однос на сегашниот состав.

„Ќе има промени, знаевте дека работев и во Вардар додека беа тие два меча со Данска и со Ирска. Очекувам од играчите кои играат стандардно во клубовите да бидат повикувани во националниот тим. Од секој играч зависи дали ќе биде со нас тука, тие што ќе заслужат ќе бидат повикани. Јас им посакувам на сите да бидат здрави и во добра форма. Сите играчи кои се повикани тука ќе добијат шанса, на нив е да се докажат. За жал имаме и играчи кои се повредени, крај на сезоната е. Од новите зависи како ќе се вклопат со староседелците во репрезентацијата“.

За првпат со националниот тим на овој собир се: Дефанзивецот на романски УТА, Дин Аломеровиќ, десниот бек на Вардар, Јанкулов, фудбалерите од средниот ред на Силекс, Анѓелески и Додев и најдобриот стрелец на Вардар, Азер Омерагиќ.

Седлоски со петмина дебитанти во составот за натпреварите со Босна и Турција

Седлоски во името на целиот тим на Вардар јавно се извини за вулгарната песна на прославата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот