Андреа вечерва ќе се бори за пласман во финалето на Евровизија

Андреа Коевска
Андреа Коевска / Фото: Инстаграм, Андреа Коевска

Вечерва во 21 часот на второто полуфинале на 66-тиот Евросонг кој се одржува во Торино, под покровителство на Европската радиодифузна унија (ЕБУ) и нејзината италијанска членка Раи, нашата евровизиска претставничка Андреа Коевска со песната Circles на Александар Масевски ќе настапи под реден број 11, од вкупно 18 земји учесници.

На евровизиската сцена во Пала Олимпико според точниот редослед, ќе настапат 18 учесници од Финска, Израел, Србија, Азербејџан, Грузија, Малта, Сан Марино, Австралија, Кипар, Ирска, Северна Македонија, Естонија, Романија, Полска, Црна Гора, Белгија, Шведска и Чешка.

На евровизиската сцена од големата петорка ќе настапат и Англија, Германија и Шпанија.

Од првата полуфинална вечер во финалето се пласираа изведувачите од Швајцарија, Ерменија, Исланд, Литванија, Португалија, Норвешка, Грција, Украина, Молдавија и Холандија. Земјите кои испаднаа и нема да ги видиме во големото финале се Словенија, Хрватска, Албанија и Бугарија.

Останува да видиме уште кои 10 земји од втората полуфинална вечер ќе се пласираат во финалето, кое ќе се одржи во сабота, на 14-ти мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот