Андоновиќ: Неуспешен обид за атентат врз Мадуро како по холивудско сценарио – САД негираат вмешаност (ВИДЕО)

Венецуелската армија застрелала и уапсила група американски платеници, кои маскирани во рибари се обиделе од Колумбија да се инфилтрираат на територијата на Венецуела. Меѓу уапсените се и двајца поранешни припадници на американските специјални сили, кои им признале на властите на Венецуела дека имале задача да го ликвидираат претседателот Николас Мадуро и дека акцијата била планирана, и тие биле ангажирани од главниот телохранител на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Гуидро.

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро вчера одржа прес конференција на која учествуваа амбасадори, новинари, министри и високи припадници на војската/ EPA-EFE/Miraflores press

Обидот за атентат се случил пред 4 дена. Група од 60 платеници тргнала од Колумбија кон Венецуела со два рибарски брода. Планот бил тие да се слезат во крајбрежниот град Ла Гваира кој се наоѓа во непосредна близина на престолнината Каракас.

Меѓутоа, поради дефект на моторот на едниот од бродовите, акцијата била стопирана, и биле забележани од крајбрежната полиција. При престрелките биле убиени голем број од американските платеници, од кои биле уапсени 13 лица меѓу кои и двајцата американски специјалци. Останатите биле платеници и дезертери од венецуелската армија, соопшти владата во Каракас.

Американскиот претседател Доналд Трамп ги негираше обвинувањата и изјави дека неговата администрација, ниту стои зад нападот ниту пак има информации кој се обидел да се инфилтрира во Венецуела.

Од друга страна, уапсените атентатори изјавија дека се ангажирани од приватната воена организација „Силверкорп“ чија главна дејност е обезбедувањето и меѓународната безбедност на американскиот претседател и секретарот за одбрана на САД.

Претседатлеот Николас Мадуро ги покажува двата пасоши на американците за кои тврди дека се платеници кои сакале да извршат атентат врз него / Фото: EPA-EFE/Miraflores press

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека крајната цел на овие платеници била да извршат атентат врз него и да направат хаос во Венецуела, со кој САД би го поставиле на претседателската функција прозападниот претседател на венецуелското собрание и лидер на опозицијата Хуан Гуидо.

Мадуро го обвини Гуидо дека ги изнајмил платениците за 212 милиони долари за ликвидација на актуелниот престедател на венецуела. Гуидо наводно направил договор со фирмата „Сиверкорп“ да го ликвидира Мадуро, се вели во изјавата

Инцидентот се случува откако минатата година Гуидо со помош на Трамп и западните сојузници се самопрогласи за легетимен претседател на Венецуела. Лидерот на опозицијата се обиде да изведе преврат во јануари 2019 година, но беше спречен од венецуелската војска која му даде подршка на актуелниот претседател .

Од тогаш Гуидо, со помош на САД се обидува да ја преземе власта, но засега неуспешно.

Американскиот претседател Доналд Трамп неодамна го прогласи Мадуро за шеф на нарко картел кој сака да го преплави пазарот на САД со кокаин и му ја уцени главата со 15 милиони долари. Оваа сума најверојатно, ги привлече воените платници од целиот свет да се обидат да го киднапираат или ликвидираат актуелниот венецуелски престедател.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот