Андонова со гол ја завери победата на Леванте и пласманот во финалето на шпанскиот Суперкуп

Капитенката на женската фудбалска репрезентација, Наташа Андонова учествуваше со гол во победата на својот тим Леванте во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп.

Леванте со 3:1 го совлада Логроњо и обезбеди пласман во финалето, а Андонова го постигна третиот гол за својот тим. Таа голот го даде во 73. минута, само девет минути откако влезе во игра.

Логроњо поведе во 28. минута преку Бохо Сајо, а Гонзалез Родригез израмни во 34. минута додека Наваро донесе водство од 2:1 пред Андонова да ја завери победата.
Противник на Леванте во финалето на шпанскиот Суперкуп ќе биде подобриот од дуелот помеѓу Барселона и Атлетико Мадрид.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот