Ана Винтур е речиси невозможно да се види без очила за сонце: Сега откри зошто ги носи во сите прилики
Уредничката на „Вог“, Ана Винтур, која ја нарекуваат ледена кралица на модата, речиси е невозможно да се види без очила за сонце. Сега реши да открие зошто ги носи во сите прилики.
„Ми помагаат да гледам и ми помагаат да не гледам. Ми помагаат да бидам видена и да не бидам видена“.
Луѓето често ја доживуваат како личност која секого го гледа со презир и од која сите се плашат. Таа изјави дека тоа не е вистина. Во модната индустрија постои и мит дека никој не може да ѝ каже „не“ на Ана.
„Тоа е апсолутно неточно. Многу ми кажуваат „не“, но тоа е добра работа. „Не“ е прекрасен збор“, рече таа.
На прашањето дали планира да се повлече од модната индустрија или да продолжи да работи во деветтата деценија, таа одговори дека нема да оди никаде во скоро време.
Таа е уредник на „Вог“ од 1988 година. Со децении е во првите редови на најпрестижните модни настани, а сон на многу дизајнери ширум светот е да соработуваат со неа. Таа напомена дека досега веројатно поминала една година од животот чекајќи да започнат ревиите.
Таа раскажа како во една прилика му се налутила на Марк Џејкобс кој доцнел час и половина на модната ревија. Следната сезона, тој се извинил и подранил со ревијата.