Американските земјоделци во криза: Кредитите поскапеа за 30%, а без нив не можат да ја обработуваат земјата

Американските земјоделци се обидуваат да најдат решение за поскапите кредити пред новата сезона на сеидба, откако централната банка ги зголеми каматните стапки, покажаа податоците од Министерството за земјоделство и канцеларијата на ФЕД во Канзас Сити.

По есенската жетва и пред пролетното садење, повеќето американски земјоделци земаат краткорочни заеми со променливи каматни стапки за покривање низа трошоци, од купување семиња и ѓубрива до купување добиток и машини.

Кредитите ги враќаат по жетвата, со парите од продадените посеви, а потоа повторно почнува циклусот. Тие се задолжуваат главно до крајот на декември или средината на јануари за да ги искористат попустите на добавувачите и да го обезбедат она што им е потребно, со оглед на тесната глобална понуда на ѓубрива и хемикалии.

Во меѓувреме, Американската централна банка ги зголеми каматните стапки, а поскапите кредити ја оптоваруваат ликвидноста на некои земјоделци и ги поттикнуваат да ја намалат потрошувачката на ѓубрива и хемикалии, што значи и помала сеидба. Ова може да значи помал принос и да ги зголеми трошоците за производство.

Вкупните каматни трошоци во американскиот земјоделски сектор се очекува годинава да достигнат дури 26,45 милијарди долари и да бидат речиси 32 отсто повисоки од минатата година, покажуваат податоците на Министерството за земјоделство. Тоа е двојно, или и повеќе од двојно отколку во другите економски сектори во САД

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот