Шел компанија фото: EPA-EFE/ANDY RAIN

Американските нафтени компании „Шеврон“ и „Шел“ се враќаат во Венецуела

Меѓународните нафтени гиганти „Шеврон“ и „Шел“ се приближуваат кон своите први големи договори за производство на нафта со Венецуела откако САД го приведоа претседателот Николас Мадуро во јануари, објави Ројтерс. Добро упатени извори велат дека договорите ќе им овозможат на двете компании да го зголемат производството во посакуваните нафтени региони во јужноамериканската земја.

Ова се најголемите чекори досега во спроведувањето на најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека 100 милијарди долари ќе бидат потрошени за обнова на венецуелската нафтена индустрија по децении лошо управување и недоволно инвестирање под водство на Мадуро и неговиот претходник Уго Чавез. На крајот на јануари, Венецуелското национално собрание одобри сеопфатна реформа на главниот закон за нафта во земјата.

Ова им дава на странските компании автономија да работат, извезуваат и продаваат венецуелска нафта дури и кога се малцински партнери во државната нафтена компанија PDVSA. Според извори, „Шеврон“ и енергетскиот орган на Венецуела се согласиле за прелиминарни услови за проширување на најголемиот нафтен проект на американската компанија, „Петропиар“, во огромниот појас Ориноко. Со договорот „Шеврон“ ќе добие права за производство од докажаното нафтено поле Ајакучо 8, кое се наоѓа јужно од Петропиар, објави „Танјуг“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот