Американските милијардери го зголемиле богатството за време на пандемијата

Богатството на американските милијардери, меѓу кои се и сопствениците на Амазон, Џеф безос и претседателот на Фејсбук, Марк Цукерберг, пораснало за вртоглави 565 милијарди долари за време на пандемијата.

Според информациите од извештајот на американскиот институт за политички студии. Кој го пренесува „Ројтерс“, од 18. март до денеска, за период од 11 недели 42,6 милиони Американци се пријавиле во бирото за невработени, додека истовремено богатството на најмоќните Американци пораснало за 565 милијарди долари.

– Статистиката потсетува дека степенот на расна и економска поделеност е најголема во моментов, вели Чак Колинс, еден од коавторите на ова истражување.

За време на 11 недели вонредна состојба богатството на Безос се зголемило за 36,2 милијарди долари, богатството на Цукерберг бележи раст од 30,1 милијарда долари, а Илон Маск, извршен директор на компанијата Тесла, сега е побогат за 14,1 милијарда долари.

Само изминатата недела  најбогатиот Американец инкасирал дополнителни 79 милијарди долари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот