Американскиот Сенат ја назначи Кетанџи Браун Џексон за судијка на Врховниот суд

Џо Бајден и Кетанџи Браун Џексон/ Фото EPA-EFE/JOSHUA ROBERTS / POOL

Сенатот на САД ја одобри номинацијата на Кетанџи Браун Џексон за судијка во Врховниот суд на САД со 53 гласови за и 47 против, јавија американските медиуми.

Џексон (51), е 116. судија на Врховниот суд на САД, доаѓа од федералниот апелационен суд и е првата Афроамериканка што ќе служи на оваа важна судско-правна позиција.

Таа, исто така, им се придружи на трите други жени судијки кои сега служат во судот: Соња Сотомајор, Елена Каган и Ејми Кони Барет. Сo ова се одбележува уште еден историски факт, кога првпат во историјата на Врховниот суд на САД со него ќе заседаваат четири жени.

Вкупниот број членови на судот е девет.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот