Американскиот рапер Тајга има хит во најава: Слушнете како звучи „Freak“ (ВИДЕО)

Познатиот американски рапер Тајга, кој годинава ќе учествува и на фестивалот „Егзит“ кој се одржува во Србија, ги израдува своите обожаватели со нова песна под назив „Freak“.

Станува збор за соработка со уште една еднакво популарна рап ѕвезда – Megan the Stallion.

Оваа соработка Тајга ја најави два дена порано на својот Инстаграм профил и ги остави своите следбеници во исчекување на новиот хит.

Бидејќи Тајга и Меган зад себе имаат нумери со бројни милионски прегледи и стримови на познатите музички платформи, подеднаков успех може да се очекува и од оваа нивна заедничка нумера.

Во продолжение слушнете како звучи нумерата „Freak“:

https://www.youtube.com/watch?v=H5NJlsrnzFw&feature=emb_title

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот