Американски медиуми: Вакцината на „Фајзер“ и „БајонТек“ обезбедува 100 отсто заштита кај деца од 12 до 15 години

Вакцинација со „Фајзер“ вакцина / Фото: EPA-EFE/Liam McBurney / POOL

Вакцината против коронавирус на компаниите „Фајзер“ и „БајонТек“ е безбедна и ефикасна кај деца на возраст од 12 до 15 години, јавија американски медиуми. Двете компании објаснија дека вакцината обезбедува 100 отсто заштита. Објавените податоци од студијата значат дека компаниите може да побараат дозвола од американските власти да издадат итно одобрение за ставање во промет во наредните недели.

Резултатите од клиничкото испитување, исто така, покажуваат дека вакцината добро се поднесува кај деца на возраст од 12 до 15 години. Испитувањата во третата фаза вклучиле 2.260 деца на возраст од 12 до 15 години во САД.

Вакцината обезбедува силен имунолошки одговор еден месец по втората доза, надминувајќи ја нејзината ефикасност во споредба со оние на возраст меѓу 16 и 25 години. Во моментот вакцината се користи само во САД кај постари од 16 години.

„Фајзер” се надева дека ќе започне со вакцинирање на оваа група пред почетокот на следната учебна година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот