АМЕРИКАНСКИ КОМИЧАР ГИ ПРОВОЦИРА: Која е разликата меѓу јогурт и Србите?

фото: Твитер

После победата на Србија со 94:89 против САД за пласман на Светското првенство во Кина, социјалните мрежи гореа од реакции, а една на Кевин Кленси особено ги налути Србите. „Загубивме од Србија во кошарка? Имаат ли тие воопшто храна во Србија? – напиша блогерот.

– „Ги јадеме Американците за доручек“ – се пошегуваа некои Срби, други започнаа да навредуваат. Но, тој продолжи да провоцира, а помеѓу останатото Србите ги праша дали дури сега ги открија „БекСтрит Бојс“ и порача дека ќе се извини за своите твитови кога баш сите Срби ќе се извинат за смртта на 16 милиони во Првата светска војна.

Но, Кленси тука не застана. „Знаете ли која е разликата помеѓу јогурт и Србите? Јогуртот не е одговорен за геноцидно однесување и Првата светска војна“, беше еден од неговите многубројни твитови на темата Србија.

Во сличен ритам и денеска продолжи да ги „трола“ Србите, а во меѓувреме Кленси се пофали со повеќе од 1000 нови пријатели – од Србија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот