Американската амбасада за пресудата на Панчевски: Позитивен чекор напред!

Американската амбасада во Скопје смета дека првостепената пресуда за поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски, од три и пол години затвор за злоупотреба на АКМИС системот е позитивен чекор напред во барањето одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност.

-Објавата на Основниот суд во Велес дека поранешниот претседател на Кривичниот суд во Скопје, Владимир Панчевски, е осуден на три и пол години затвор за злоупотреби на АКМИС е позитивен чекор напред за барање одговорност за оние што се обвинети за поткопување на судската независност- пишува во твитот на Амбасадата на САД.


Панчевски доцна синоќа беше осуден на три години и шест месеци затвор, а пресудата ја објави судијката Валентина Ѓорѓиевска од Основниот суд во Велес.

Обвинетиот Панчевски, според обвинението поднесено од ОЈО Скопје, се товари дека во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година, со негов параф и усно давал наредби на службеници што имале пристап во АКМИС-от рачно да се распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, и кажувал на кој судија да се распредели предметот, со што целосно се  изигрувал системот кој требало автоматски да ги распределува предметите.

Три и пол години казна затвор за Владимир Панчевски

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот