Американска анти-ваксерка починала од Ковид: „Вакцинирајте ми ги децата“
Мајка на четири деца од Тексас, која одбивала да се вакцинира против Ковид-19, неколку дена откако се заразила, починала, а нејзината последна желба била нејзините деца да бидат вакцинирани, пренесува Еј Би Си 13.
Препорачано
Лидија Родригез (42), била професорка во градот Ла Марк, а таа пред две недели го загуби својот сопруг Лоренс (49) исто од Ковид-19. Родргез почина во понеделникот откако неколку дена се борела со вирусот.
Нејзината сестра Доти Џонс изјави дека Родригез не верувала во вакцините.
„Кога таа се предомисли, веќе беше предоцна“ изјави Џонс.
Последната желба која Родригез и ја кажала на својата сестра е да ги вакцинира нејзините деца.
„Ќе бев со своите деца да бев вакцинирана“ и рекла Родригез на својата сестра.
Овој пар е меѓу десетици милиони други Американци кои сè уште не примиле ни една доза против коронавирусот, додека делта сојот брзо се шири низ земјата.
Џонс изјави дека таа се обидувала да ја убеди нејзината сестра да се вакцинира, но тоа било залудно.
„Ми се крши срцето кога гледам како луѓето веруваат во дезинформации“ додаде таа.
Во Тексас, делта сојот е доминантен во државата, а бројот на мртви во земјата брзо расте.


