Американецот Брандон Слај е нов кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром

фото: mztskopjeaerodrom.mk

По вчерашната обнова на договорите со браќата Дамјан и Војдан Стојановски, денеска кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром го промовираше првото странско засилување за следната сезона – Американецот Брандон Слај (27 год, 178 см).

Станува збор за искусен бек-шутер со петгодишно европско искуство и двоцифрен поентерски просек во секоја од екипите за кои настапуваше.

Слај добро ги знае приликите во регионот, со оглед што минатата сезона ја помина во дресот на Подгорица, која му беше противник на МЗТ во АБА2-лигата, каде што реализираше по речиси 15 поени.

Претходно одигра две години во Грузија во екипите на Вера и Тбилиси, а потоа беше дел од романскиот тим Таргу Жиу и фински КТП баскет.

Актуелен договор со актуелниот македонски шампион имаат Бојан Крстевски, Марин Петков, Андреј Андоноски и Марко Миловановиќ, додека во следниот период клубот ќе информира за дополнителните засилувања меѓу кои ќе бидат квалитетни македонски кошаркари и уште неколку одлични интернационалци.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот