Фото: Profimedia

Американец призна дека ги украл црвените чевли на Дороти од „The Wizard of Oz“

Mаж (76) се изјасни за виновен за ограбување музеј во 2005 година, каде што украл пар црвени чевли што ги носела актерката Џуди Гарланд како Дороти Гејл во филмот „The Wizard of Oz“ (1939).

Тери Џон Мартин верувал дека рубините на чевлите што ги носела Џуди Гарланд во филмот се вистински скапоцени камења, сѐ додека сопственик на продавница што откупува украдена роба не му кажал дека се обично стакло.

Адвокатот на Мартин изјави за „Асошиејтед прес“ дека неговиот клиент е во лоша здравствена состојба и дека му „предвидува скора смрт“.

Фото: M.G.M – Album / Album / Profimedia

Овие украдени чевли се еден од само четирите автентични пара останати меѓу реквизитите од филмот од 1939 година.

Обложени со рубин црвени светки и машни од стаклени мониста, украдениот пар бил еден од неколкуте што ги носела Џуди Гарланд за време на снимањето на мјузиклот.

Во 2005 година, колекционерот на холивудски сувенири Мајкл Шо ги позајмил чевлите на музејот Џуди Гарланд во Гранд Рапидс, Минесота.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот