Американците објавија нови докази, Русија и Катар ги купиле СП 2018 и СП 2022

Неколку медиуми повикувајќи се на сведочењата наведени во документите на ФБИ, објавија дека функционери на ФИФА признале дека биле платени за да го изберат Катар за домаќин на СП 2022 година.

Функционерите на ФИФА примиле повеќе милиони долари мито за гласовите кои пресудија Русија и Катар да ги организираат Светските првенства во 2018 однсно 2022 година.

Иако веќе неколку години се шпекулира за сомнителниот избор на Русија и Катар да бидат домаќини на Мундијалите, ова е прв пат правосудните органи на една земја да тврдат дека во изборот на домаќините да има неправилности и сомнителни работи.

Според обвинението кое е објавено вчера, а кое терети тројца функционери на ФИФА и една компанија, претседателот на КОНКАКАФ зоната, Џек Ворнер, примил мито од пет милиони долари да гласа во корист на Русија.

Освен Ворнер кој во 2010 година кога Русија ја доби организацијата на СП во 2018 година беше потпретседател на ФИФА, во документот се споменува и името на Рафаел Салгуеро, поранешниот претседат на Фудбалската федерација на Гватемала и поранеше член на Извршниот одбор на ФИФА. Тој е обвинет дека примил мито од милион долари за да гласа за Русија.

Кај обвинувањата за доделувањето на организацијата на Мундијалот 2022 на Катар, сои дека повеќе функционери на ФИФА примиле мито.
Тука се споменува Рикардо Тешеира, претседателот на Фудбалската федерација на Бразил како и пиранешниот претседател на Јужноамериканската федерација (КОНМЕБОЛ), Николас Леоз.

Американските власти во рамките на аферата ФИФА-гејт до денеска обвинија 45 лица и го открија начинок на кој функционира корупцијата во Светската фудбалска асоцијација. Досега се осудени 26 лица.

Џек Ворнер кого го бараат американските правосудни органи и моменто се наоѓа во Тринидад и Тобаго, е осуден во отсуство и притоа мора да плати 79 милиони долари отштета и камати на КОНКАКАФ.

Рафаел Салгуеро во 2018 година е осуден на три години домашен притвор бидејќи соработуваше со ФБИ во истрагата.

Што се однесува до Рикардо Тешеира, тој моментно се наоѓа во родниот Бразил, кој нема договор со САД за испорачување на криминални.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот