„Американ ерлајнс“ ќе отпушти или ќе испрати на принуден одмор 19.000 вработени

American Airlines/ Фото: ЕПА

„Американ ерлајнс” соопшти дека од 1 октомври ќе отпушти или ќе испрати на принуден одмор 19.000 вработени, освен ако воздухопловната индустрија не добие поголема помош од Конгресот.

Најголемата авиокомпанија во светот, која оваа година имаше 133.700 вработени, предупреди дека нивниот број ќе треба да го намали за најмалку 40.000.

Американ ерлајнс наведува дека 12.500 вработени се согласиле да ја напуштат компанијата со тоа што ќе одат порано во пензија или со отпремнина, додека други 11.000 се согласиле во октомври доброволно да одат на отсуство.

– Дури и со овие жртви, околу 19.000 членови на нашиот тим ќе бидат испратени на принуден одмор или ќе бидат отпуштени од компанијата на 1 октомври, освен ако не се продолжи сојузната помош, се вели во писмото на извршниот директор Даг Паркер и претседателот Роберт Аизом до вработените.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот