Фото: Глен Дизен / Икс / Принтскрин

Америка заплени брод крај Венецуела – танкери со милиони барели нафта се заглавени во венецуелските води

САД пресретнуваат и запленуваат нафтен танкер во меѓународни води крај брегот на Венецуела, изјавија за „Ројтерс“ во саботата тројца американски официјални лица.

Потегот доаѓа само неколку дена откако американскиот претседател Доналд Трамп објави „блокада“ на сите санкционирани танкери со нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела.

Ова би било втор ваков случај во последните недели, при што САД запленуваат танкер во близина на Венецуела, во време на значително засилено американско воено присуство во регионот.

Трамп: Постои можност за војна со Венецуела

Официјалните лица, кои зборувале анонимно, не прецизирале каде точно се одвива операцијата, но додале дека Крајбрежната стража е носител на акцијата Крајбрежната стража и Пентагон ги упатија прашањата до Белата куќа, која засега не одговори на барањето за коментар.

Венецуелското Министерство за нафта и државната нафтена компанија ПДВСА, исто така, не одговорија веднаш.

„Наредувам целосна блокада на сите санкционирани танкери со нафта што влегуваат и излегуваат од Венецуела,“ изјави Трамп во вторникот.

Во деновите по заплената на санкциониран танкер минатата недела, на сила е де факто ембарго, при што натоварени бродови со милиони барели нафта остануваат во венецуелските води за да го избегнат ризикот од заплена.

По првата американска заплена, извозот на венецуелска сурова нафта забележа нагол пад. Иако голем дел од бродовите, што преземаат нафта од Венецуела, се под санкции, дел од пловилата што транспортираат венецуелска, како и иранска и руска нафта, сè уште не се санкционирани.

Одделни компании, меѓу кои и американската „Шеврон“, продолжуваат да извезуваат венецуелска нафта со сопствени, официјално одобрени бродови.

Кина останува најголем купувач на венецуелската сурова нафта, која учествува со околу 4 отсто во нејзиниот вкупен увоз.

Од воведувањето на американските енергетски санкции во 2019 година, трговците и рафинериите се потпираат на т.н. „флота во сенка“ – танкери што ја сокриваат својата локација или веќе се санкционирани поради превоз на иранска и руска нафта.

Во меѓувреме, Вашингтон го засилува воениот притисок врз режимот на Николас Мадуро, што, според венецуелскиот претседател, има за цел негово соборување и преземање контрола врз нафтените ресурси на земјата со најголеми резерви на сурова нафта во светот.

ВИДЕО | Најмалку четворица загинати во нов американски напад врз глисер во Пацификот

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот