Брод уништен од САД кој доѓал од Венецуела - Извор Х

ВИДЕО | Најмалку четворица загинати во нов американски напад врз глисер во Пацификот

Американската војска вчера објави дека започнала нов воздушен напад врз глисер во источниот Пацифик за кој тврди дека превезувал дрога, при што загинале четири лица на бродот, пренесува Ал Џезира.

Заедничката команда на САД одговорна за Јужна Америка (SOUTHCOM) преку Икс изјави дека има „информации“ дека бродот „превезувал дрога“ и додаде дека „вкупно четири машки наркотерористи“ биле убиени – без да презентира никакви докази за овие тврдења – и објави декласифицирано видео од 15 секунди од нападот.

Од почетокот на септември, САД бомбардираат моторни чамци за кои тврдат дека превезувале дрога во Карибите и Тихиот Океан. Според изјавите од администрацијата на Доналд Трамп, најмалку 99 лица се убиени во овие напади. Никогаш не се презентирани докази дека целните бродови биле вклучени во криминални активности.

Експертите и ОН ја доведоа во прашање легитимноста на овие операции.

Администрацијата на Трамп конкретно го обвинува венецуелскиот претседател Николас Мадуро дека е шеф на мрежа за трговија со дрога, нешто што дотичниот го негира, обвинувајќи го Вашингтон дека се обидува да го собори од власт со цел да ги заплени нафтените резерви на латиноамериканската земја, кои се меѓу најголемите во светот.

„Венецуела е целосно опкружена со најголемата армада некогаш собрана во историјата на Јужна Америка“, изјави Доналд Трамп завчера преку Трут Сошал, додавајќи дека нејзината моќ ќе продолжи да „расте“.

„Шокот што ќе го претрпат ќе биде без преседан“, се закани американскиот претседател, кој неодамна често ја покренуваше можноста за копнени операции на венецуелска територија.

Во исто време, вчера, САД објавија дека ќе распоредат персонал на своите воздухопловни сили во Еквадор, центар за трговија со кокаин произведен во други земји во регионот, како дел од „привремена“ операција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот