Стејт департментот на САД / Фото: Архива на „Слободен печат“

Америка нуди до три милиони долари за информации за напади врз нејзини објекти во Ирак

Американскиот Стејт департмент нуди награда до три милиони долари за информации за напади врз неговите дипломатски објекти во Ирак.

Објавата доаѓа откако Амбасадата на САД во Багдад, Генералниот конзулат во Ербил и Центарот за дипломатска поддршка во Багдад постојано се цел на напади од почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран.

„Доколку имате информации за терористичките милиции поврзани со Иран или други лица одговорни за овие напади, испратете ни ги вашите дојави денеска. Вашите информации може да ви овозможат да добиете преселување и парична награда“, се наведува во објавата на програмата „Награди за правда“.

Програмата „Награди за правда“ понуди повеќекратни награди за информации поврзани со иранското раководство од почетокот на војната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот