Америка досега потроши 25 милијарди долари за војната во Иран – Хегсет бара 60 пати повеќе за воениот буџет
Конгресменот од Калифорнија, Џон Гараменди, ја обвини администрацијата за „неверојатна неспособност“ и изјави дека претседателот Доналд Трамп ја заробил Америка во уште една блискоисточна „безизлезна ситуација“.
Американскиот министер за одбрана, Пит Хегсет, ги бранеше ескалирачките трошоци за војната со Иран, додека официјални службеници од Пентагон потврдија дека американските даночни обврзници досега финансирале најмалку 25 милијарди долари за воените операции.
Препорачано
На сослушувањето пред Комисијата за вооружени сили на Претставничкиот дом, Хегсет ги отфрли тврдењата дека конфликтот се претворил во „жива кал“, упатувајќи остри критики до конгресмените кои се противат на војната, нарекувајќи ги „вистинска закана за воените напори“.
Трошоците растат, војната ги проби роковите
Највисокиот финансиски функционер во Пентагон, Џулс Харст, им соопшти на пратениците дека сумата од 25 милијарди долари ги опфаќа муницијата, операциите, одржувањето и замената на опремата, при што трошоците сè уште растат.
Сослушувањето траеше со часови, додека Хегсет и генералот Ден Кејн, началник на Здружениот штаб, се соочуваа со прашања за војната која трае веќе два месеци, што е далеку над рокот од четири до шест недели кој првично го предвиде претседателот Доналд Трамп.
Хегсет побара од Конгресот да одобри 1,5 трилиони долари за воени трошоци, а потоа ги нападна критичарите.
– Најголемиот противник со кој се соочуваме во овој момент се непромислените, неспособните и дефетистички зборови на демократите и на некои републиканци во Конгресот – изјави тој.
Претседателот на комисијата, републиканецот Мајк Роџерс, го поддржа барањето на администрацијата, тврдејќи дека американските непријатели издвојуваат многу поголем дел од својот БДП за одбрана. Хегсет исто така посочи дека предлогот вклучува и зголемување на платите на војниците за 7 отсто.
Хегсет ќе одговара пред Конгресот за милијардите што Америка ги троши за војната со Иран
Остри критики од Демократите
Од друга страна, демократот Адам Смит постави прашање дали со ваквиот огромен скок на воените трошоци (од 50 до 60 отсто) ќе се управува одговорно. Тој истакна дека администрацијата ја води војната во Иран без поддршка од сојузниците.
– Ова го правиме сами, додека сè повеќе ги оттурнуваме сојузниците, понекогаш навредувајќи ги без никаква причина – рече Смит, алудирајќи на коментарите на Трамп за францускиот претседател Макрон во моментите кога САД бараа помош од НАТО.
Конгресменот од Калифорнија, Џон Гараменди, ја обвини администрацијата за „неверојатна неспособност“ и изјави дека Доналд Трамп ја заробил Америка во уште една блискоисточна „безизлезна ситуација“.
Хегсет одговори гневно, прашувајќи го Гараменди „за кого всушност навива тој“, нарекувајќи ги неговите зборови „пропаганда за непријателот“.
Вниманието на САД кон Блискиот Исток го намалува притисокот врз Русија, тврди Зеленски


