Амбер Херд конечно му исплати 1 милион долари на Џони Деп

Џони Деп и Амбер Херд / Фото: EPA-EFE/MICHAEL REYNOLDS

Минатата година, целиот свет со големо внимание го следеше судскиот спор меѓу поранешната холивудска двојка Џони Деп и Амбер Херд.

Деп поднесе тужба против Херд поради текст што таа го напиша за „Вашингтон пост“ во 2018 година, во кој се опиша себеси како „јавна личност која е жртва на семејно насилство“. Иако Деп не се споменува по име во текстот, тој ја тужеше Херд за тврдење дека е домашен насилник, барајќи отштета од 50 милиони долари.

Амбер Херд / Фото: EPA-EFE/EVELYN HOCKSTEIN

Потоа Херд поднесе противтужба, барајќи 100 милиони долари, тврдејќи дека претрпела „неконтролирано физичко насилство и малтретирање“.

На крајот, поротата застана на страната на Деп и донесе пресуда дека Херд треба да му исплати отштета од 15 милиони долари. Неколку месеци подоцна, тие се спогодија на 1 милион долари, кои актерот вети дека ќе ги донира во хуманитарни цели.

Џони Деп / Фото: EPA-EFE/Steve Helber

Американските медиуми сега пренесуваат дека Херд, конечно, му ги исплатила парите на својот поранешен сопруг.

Близок извор до Деп сподели за „Ентертејнмент тунајт“ дека актерот ќе ги донира сите пари во пет различни добротворни организации и дека ќе им додели по 200.000 долари на секоја од нив. Тој избрал организации кои им помагаат на болните деца, кои се грижат за животната средина, но и оние кои обезбедуваат безбедно домување на недоволно згрижените заедници.

Како што пишува „Ентертејнмент тунајт“, актерот ќе ги донира парите во „Make-A-Film“ (фондација за филмски работници со деца кои се соочуваат со тешки и сериозни болести), „The Painted Turtle“ (организација која е дел од наследството на актерот Пол Њуман и обезбедува бесплатно кампувачко искуство за болни деца), „Red Feather“ (организација која соработува со домородните заедници за да развие и имплементира трајни и влијателни решенија за домување), „Tetiaroa Society“ (добротворна организација на Марлон Брандо, која обезбедува островските и крајбрежните заедници да имаат иднина), и „Amazonia Fund Alliance“ (која помага да се финансираат проектите на некои од најважните бразилски непрофитни организации).

Џони Деп со обелен образ: Поротата донесе пресуда на судењето со Амбер Херд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот