Алушовски: Од првиот меч со Мотор Запорожје извлековме доста поуки!

Македонскиот тренер Стевче Алушовски/Фото: Слободен печат/Драган Митрески

В петок екипата на Вардар 1961 во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје во рамките од СЕХА Газпром лигата ќе го игра натпреварот против Мотор Запорожје со почеток од 20.15 часот.

Денеска „црвено-црните“ го одработија единствениот тренинг пред утрешниот претпоследен меч од групната фаза. Тренерот на Вардар 1961, Стевче Алушовски верува дека неговите играчи ќе имаат многу подобри перформанси отколку на првата средба во Украина кога противникот славеше со 30:23.

– Проблемите околу составот на екипата постојано се присутни. Дури утре ќе решиме со кои играчи ќе се спротиставиме на Мотор. Ловро Јотиќ сè уште не тренира со екипата, а поради повреда неизвесни се и Патрик Валчак, Димитар Димитриоски, Иван Чупиќ и Борко Ристовски. Од првиот меч против Мотор извлековме доста поуки и се надевам ќе одиграме многу подобро. Сега влегуваме во жесток ритам на играње на четири фронта. Ќе треба да издржиме и да покажеме дека сме квалитетен тим. Очекувам да играме многу подобро – вели Алушовски.

Младиот член и пикер Стефан Атанасовски смета дека играта во одбрана треба да биде клучот за позитивен резултат на овој дуел против Украинците.

– Имаме можност уште да напредуваме и напорно работиме на тоа. Секако малку нè отргнува од фокусот тоа што не сме комплетни ниту на тренинг па мораме да менуваме во играта. Но, односот кон натпреварите и противниците ни остануваат исти, сакаме да покажеме дека сега кога е најтешко ќе играме најдобро. Мотор ни покажа каде треба да се подобриме и ќе треба трпеливо и мудро да играме на целиот меч – се зборовите на Атанасовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот