Алкараз убеден: Ѓоковиќ може да игра и на Олимписките игри во Лос Анџелес 2028
Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги сумираше своите впечатоци по пласманот во финалето на Мастерсот во Рим, а тема беше и Новак Ѓоковиќ.
Препорачано
Младиот Шпанец се избори за своето прво финале на турнирот во главниот град на Италија, откако го победи Лоренцо Мусети со 6:3, 7:6, а по тој меч зборуваше за тоа дали го гледа Ѓоковиќ на Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година.
Алкараз и Ѓоковиќ играа во финалето на Олимписките игри во Париз, каде Србинот победи со 7:5, 7:5 и го освои олимпиското злато.
– Верувам дека е физички во добра форма, сè ќе зависи од него. Прилично сум сигурен дека неговата цел е да игра на уште едни Олимписки игри и верувам дека може да го стори тоа. Тој добро се грижи за своето тело, за да остане 100 проценти подготвен. Ако успее, убеден сум дека може да го постигне тоа. Би бил многу среќен да го гледам како игра на турнирите уште една година, да споделуваме добри моменти, да споделуваме големи турнири. Би бил среќен ако тоа се случи – рече Алкараз.
Финалето помеѓу Синер и Алкараз во Рим ќе се игра во недела.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
3час
-
3час
-
4час
-
4час
-
4час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


