Карлос Алкараз/ EPA/ROB PREZIOSO

Алкараз ќе тетовира кенгур во чест на првиот трофеј во Мелбурн

Карлос Алкараз размислува да си истетовира мал кенгур на ногата, како траен спомен од историскиот успех на Австралија опен. Со победата над Новак Ѓоковиќ во финалето во машка конкуренција во неделата, Шпанецот на само 22 години стана најмладиот тенисер кој го комплетирал т.н. „кариерен Грен-слем“.

„Веќе сум сигурен дека ќе биде кенгур. Само уште не знам точно каде. Размислувам за ногата, но сè уште не сум решил дали ќе биде на десниот или на левиот лист“, изјави Алкараз.

Ден по големото финале, Алкараз позираше пред фотоапаратите со трофејот од Австралија опен, облечен лежерно во црно и во мокасини без чорапи. Фотосесијата се одржа во зградата на „Ројал Екзибишн“, опкружена со градини во самиот центар на Мелбурн.

ВИДЕО | Алкараз со пресврт до првата титула на Австралија опен

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот