Карлос Алкараз/ EPA/Alejandro Garcia

Алкараз го пропушта и Ролан Гарос?

Актуелниот освојувач на три грен-слем титули, Карлос Алкараз, сè уште не знае кога ќе се врати на терените, а дури најави дека постои можност да го пропушти и Ролан Гарос.

Шпанскиот ас се повреди на турнирот во Барселона, по што беше принуден да се повлече по победата во првото коло. Иако првично се очекуваше брзо закрепнување, ситуацијата се искомплицира, па Алкараз го откажа и настапот на мастерсот во Мадрид. Проблемите продолжија, а тој веќе имал неколку сериозни консултации со лекарите и во моментов чека дополнителни анализи.

„Во професионалниот спорт секогаш има пречки, но наша обврска е да се вратиме посилни. Овој тест пред мене е само еден во низата. Направивме првични прегледи, но мора да почекаме за вториот, кој ќе покаже како изгледа повреденото место по една недела одмор. Проценки? Во овој момент не можам ништо да кажам“, изјави вториот тенисер во светот.

„Ќе видиме. Следните прегледи ќе бидат клучни. Ќе направиме сè што можеме за резултатите да бидат добри. Сега најважно е трпението, мора да бидеме навистина трпеливи. Ги чекаме тестовите за неколку дена, па ќе знаеме повеќе за состојбата со повредата. Се обидувам да останам позитивен, иако деновите делуваат многу долги“, додаде Алкараз.

Свесен е и за ризикот од евентуален настап на Ролан Гарос доколку не биде целосно подготвен.

„Како што кажав, пред мене е долга кариера и многу години врвен тенис. Форсирањето настап на Ролан Гарос може да ми наштети за идните турнири. Затоа ќе почекаме што ќе покажат тестовите бидејќи од нив зависи сè. Подобро е да се вратам малку подоцна, но целосно подготвен, отколку порано, а неспремен. Мора да внимаваме, бидејќи тениската кариера може да трае долго“, порача Алкараз.

ФОТО | Тениска доминација на Лауреус: Алкараз и Сабаленка се најдобри спортисти на светот

Ѓоковиќ урна уште еден рекорд на Федерер

Ниту Алкараз нема да игра во Мадрид: Многу ми е тешко, овој град е мој дом

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот