Фото: EPA/JUANJO MARTIN

ФОТО | Тениска доминација на Лауреус: Алкараз и Сабаленка се најдобри спортисти на светот

Тенисот повторно доминираше на престижните награди „Лауреус“, а Арина Сабаленка и Карлос Алкараз беа главни ѕвезди на вечерта.

Белорусинката и Шпанецот ги освоија најпрестижните индивидуални награди, потврдувајќи ја континуираната доминација на тенисот на церемонијата на доделување на наградите „Лауреус“. Нивните имиња сега стојат покрај легенди како Серена Вилијамс, Рожер Федерер, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал.

Алкараз ја доби наградата по фантастична сезона во која ги освои Ролан Гарос и Отвореното првенство на САД, и истата ја заврши како број еден и ја продолжи својата одлична форма во 2026 година со триумф на Отвореното првенство на Австралија.

Сабаленка доминираше на ВТА сцената, освојувајќи го Вимблдон и Отвореното првенство на САД, заедно со финалето на Ролан Гарос, што ја прави најуспешна тенисерка во изминатата година.

Кога станува збор за вкупниот број на награди „Лауреус“, врвот сè уште го држат Ѓоковиќ и Федерер со по пет награди, додека атлетичарот од Јамајка Усеин Болт има четири.

Фото: EPA/JUANJO MARTIN

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот