Новак Ѓоковиќ/EPA/JOEL CARRETT

Ѓоковиќ урна уште еден рекорд на Федерер

На АТП ранг-листата објавена денес, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е на четвртото место со 4,710 бодови.

Ова е воедно и 860-та недела што Ѓоковиќ ја помина меѓу првите пет тенисери во светот, па денес го сруши рекордот на Рожер Федерер од Швајцарија, кој беше меѓу првите пет 859 недели.

По Ѓоковиќ и Федерер, следува Шпанецот Рафаел Надал со 837 недели.

Ѓоковиќ помина 428 недели на првото место, на второто место 171, на третото 165, на четвртото 59, а на петтото место 37 недели.

Воедно, Србинот се приближува до уште еден рекорд. Оваа недела е 939-та во неговата кариера меѓу првите 10 тенисери во светот. А тој рекорд, засега, го држи Федерер и изнесува 968 недели. Ѓоковиќ би можел да го урне и овој рекорд во ноември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот