Алиу: Од 10 фирми за медицински канабис, на 6 ќе им се одземат лиценците
Од досега процесуирани десет компании кои имаат лиценци за одгледување на медицинска марихуана, шест се во постапка за одземање, изјави министерот за здравство Азир Алиу за ТВ Телма.
Препорачано
-Од досега процесираните компании, од десет најмалку шест, сега се во постапка на одземање на лиценците, затоа што не ги исполнуваат условите за лиценцирање предвидени во законот, изјави Алиу.
Тој рече дека не може да даде повеќе детали кои ја довеле до заклучок стручната комисија на Министерството да покрене постапка за одземање на лиценците, затоа што постапката е сѐ уште е во тек.
На прашање дали може да ги соопшти имињата на тие компании, министерот Алиу рече дека не сака тоа да го направи во оваа рана фаза, и дека процесот ќе заврши во вторник кога ќе бидат соопштени причините и имињата на компаниите за кои Комисијата на министерството за здравство утврдила дека не ги исполнуваат условите.
Алиу нагласи дека дека ќе се менуваат правилниците за регулирање на оваа дејност.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
46мин
-
57мин
-
1час
-
2час
-
2час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


