Алиса Милано: Морав два пати да абортирам, едноставно тоа беше најпаметно

Фото: Профимедиа

Актерката Алиса Милано, која е позната по една од главните улоги во серијата „Charmed“, за подкастот „Sorry not Sorry“ откри дека во далечната 1993 година, имала два абортуса.

Алиса тогаш имала 21 година и вели дека тогаш прв пат се заљубила, и дека тоа за неа било голема работа. Додаде дека користела контрацептивни таблети, но сепак останала бремена и не знаела што да прави.

„Беше грозно, пораснав во католичко семејство и тука тогаш се случи тој судир со верата“, раскажа Алиса и додаде дека тогаш не била подготвена да стане мајка, а покрај се и нејзината кариера и била на прво место.

Фото: Инстаграм

„Тоа беше мој избор и беше правилен за мене. Не сакав да го направам тоа, но морав“, раскажа 46-годишната Алиса. Актерката подоцна призна, дека наредната година повторно забременила и повторно ја донела истата одлука.

Алиса, без оглед на тоа што ќе кажат другите, додаде дека не жали за ниту една одлука, бидејќи сега не би имала прекрасни деца, кариера и никогаш не би била слободна да биде тоа што е денес.

Фото: Инстаграм

Таа сега е во среќен брак со Дејвид Буглиари со кој доби две деца, седумгодишниот син Мил, и четиригодишната ќеркичка Елизабела.

Фото: Инстаграм

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот