Фото: EPA/ENRICO MATTIA DEL PUNTA

Алесандро Бастони сериозно размислува за трансфер во Барса

Фудбалерот на Интер, Алесандро Бастони, е отворен за трансфер во Барселона во претстојниот летен преоден рок, објави шпанскиот весник „Марка“. Иако официјалните разговори меѓу двата клуба сè уште не се започнати, италијанскиот репрезентативец веќе ги информирал Каталонците дека сериозно би размислил за трансфер на „Камп Ноу“.

Барселона активно бара нов централен дефанзивец, а главните критериуми се играчот да игра на левата страна и да доминира во воздушните дуели. Бастони е идентификуван како главна цел на клубот за претстојната сезона.

Во исто време, Интер е подготвен да слушне конкретни понуди за италијанскиот репрезентативец, но е убеден дека преговорите можат да започнат само со понуди што почнуваат од 70 милиони евра, колку што стои и на официјалната страница на Трансфермаркт. Моментно има важечки договор со миланскиот клуб до 30 јуни 2028 година.

Шпекулациите за трансферот се засилија во последните недели, а Бастони доби јавно признание од младата надеж на Барселона, Пау Кубарси. Во февруари, Кубарси за одбранбениот фудбалер на „нераѕурите“ имаше само пофалби.

Иако финансиските параметри се високи, желбата на играчот може да биде одлучувачки фактор за склучување на еден од најголемите договори следното лето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот